Статуата на аргентинскиот фудбалер Лионел Меси во Буенос Аирес беше осквернавена по втор пат годинава, а инцидентот се случил вчера, кога непознати вандали „ја пресекле статуата кај глуждовите“.
Ѕвездата на Барселона доби статуа во главниот град на Аргентина во јуни, 2016 година, откако објави дека ја напушта репрезентацијата.
Статуата беше дел од кампањата на градоначалникот Хорацио Родригез, а првиот вандалски инцидент се случи во јануари годинава.
Тогаш беа откорнати главата и торзото на статуата.
Градската управа тогаш реагираше и статуата беше поправена, но не беше откриено кој стои зад тој вандалски чин.
Според весникот „Goal“, најверојатно се работи за истите вандали.