Ставајте појас во кола, токму тоа му го спаси животот на Тајгер Вудс во сообраќајката

Полицијата на Лос Анџелес соопшти дека славниот голфер носел безбедносен појас за време на несреќата, како и дека воздушните перничиња се отвориле како што е предвидено.

Најдобриот голфер на сите времиња, Тајгер Вудс, доживеа тешка сообраќајна несреќа завчера, кога неговото возило се преврте во близина на Лос Анџелес.

Според последните информации, тој е вон животна опасност, а во несреќата се здобил со тешки повреди на десната нога.

Снимката објавена од американските медиуми покажува дека корејскиот теренец Genesis GV80, во кој бил Вудс, бил многу оштетен, особено неговиот преден дел, но структурата на патничката кабина е скоро целосно зачувана.

Полицијата во Лос Анџелес го посочи и овој факт, наведувајќи го како една од причините зошто славниот голфер не е сериозно повреден.

Како што велат, важно е и тоа што Вудс носел безбедносен појас за време на несреќата, така што воздушните перничиња се отвориле и спречиле посериозни повреди, можеби дури и смрт.

„Несреќата се случи на стрмен и дел од патот со остра кривина, каде луѓето често губат контрола над возилото поради прекумерна брзина. Веруваме дека брзината беше главната причина. Немаше индиции дека возачот бил под влијание на нешто“, рече Алехандро Вилјануева од канцеларијата на шерифот на Лос Анџелес.

Remote video URL

„Утврдивме дека возилото најверојатно најпрво удрило во работ на тротоарот, преминало две ленти, удрило во вториот раб, па во дрво, се превртело неколку пати и запрело на стотина метри од патот. Немаше знаци на лизгање или кочење, а времето беше добро. Искрено, не знаеме како преживеа г-дин Вудс, но имаше многу среќа. Сигурно му помогнаа појасот што го носеше и бројните воздушни перничиња што се отворија навреме“.

По оваа несреќа, во фокусот на јавниот интерес беше дотогаш малку познатиот корејски производител на премиум автомобили Genesis, кој е во сопственост на концернот Hyundai.

Genesis како самостоен бренд во Hyundai постои само неколку години и полека се пробива до клиентите во жестока конкуренција од германските производители Mercedes, BMW и Audi, но и брендови како јапонскиот Lexus, кој е многу успешен на американскиот пазар .

Genesis GV80 е првиот SUV од овој бренд, а на пазарот се појави минатата година.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Авто новости

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Read more

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Read more

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Read more

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Read more
 

Автомобили

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе
  • filter

Peugeot конечно го покажа тајниот прототип 208 Cabriolet

Читај повеќе

BMW со првите фотографии го најави претстојното доаѓање на новиот X3

Читај повеќе

Стокец од 10.000 евра!

Читај повеќе
  • filter

Погледнете го единствениот Lanzante McLaren Senna GTR LM 25 во светот

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Мал, но моќен: Поздравете го потполно електричниот мал SUV Volvo EX30

Читај повеќе