Интернет

Сте испратиле мејл по грешка? Вратете го со еден клик

19. мај 2017 - 12:58 | Д.Л.

Речиси да не постои некој кој барем еднаш не се зезнал да испрати мејл и во истиот момент да сфати дека направил грешка. За среќа, постои начин да го исправите ова доколку сте корисник на Gmail.

Одберете Settings, потоа General и одберете ја опцијата Enable Undo Send.

Максималниот временски период во кој можете да го отповикате испратениот мејл е 30 секунди.

Коментирај