Стеф Кари и Дензел Вашингтон се натпреваруваа во кошарка
НБА шампионот Стеф Кари гостуваше во синоќешната епизода на „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, каде ги покажа неговите кошаркарски способности натпреварувајќи се против Дензел Вашингтон во шутирање разни предмети кон кошот.
Ова беше второ гостување на Кари во шоуто на Џими Фалон неделава, а тој во понеделникот зборуваше со него за текстот кој го напиша по повод Денот на ветераните во The Players’ Tribune.