Стефано Пиоли, екс тренерот на Милан, вчера попладне заминал за Саудиска Арабија каде треба да потпише договор со Ал Наср.
Пиоли, претходно во клупските простории на Милан, на „Сан Сиро“, го раскина договорот со клубот.
Тој на клупата ќе го замени Луис Кастро, кој по нешто повеќе од една година го напушта клубот.
Стефано Пиоли претходно работеше во Милан со кој го освои и Скудетото, а на клупата е седна во октомври 2019 година. Претходно ги водеше Фиреонтина, накратко и Интер во сезоната 2016/17, Лацио, Болоња, Палермо, Киево, Сасуоло, Пјаченца, па ова му е прва работа надвор од Италија.
Најголема ѕвезда на Ал Наср е Кристијано Роналдо.