Стефанова во ЈО пет часа зборуваше за „Рекет“, Јанева чека покана

Скопје, 14 август 2019 (МИА) – Во Обвинителството за организиран криминал од почетокот на неделава изјави за случајот „Рекет“ дадоа специјалните обвинителки Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска, но од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија не откриваат дали и кога ќе биде повикана нивната шефица Катица Јанева.

Додека од СЈО велат дека Катица Јанева сè уште нема добиено никаква покана од Јавното обвинителство, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на прашањето дали и кога ќе биде повикана СЈО Катица Јанева, одговори дека однапред не објавуваат поради непречено одвивање на истрагата и обезбедување на доказите.

Исказ во својство на сведок вчера во ЈО даде обвинителката Лиле Стефанова, која заедно со Катица Јанева беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник La Verita, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“,

Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова по петчасовниот распит во Обвинителството за организиран криминал изјави дека со надлежниот обвинител споделила се што и е познато за случаите „Империја“ и „Рекет“.

– Сè што можев да споделам со јавноста јас го споделив во даденото соопштение  во петокот. Денеска дојдов овде во својство на сведок. Околу пет часа давав исказ како сведок и се што ми е познато за овој случај го изнесов пред надлежниот јавен обвинител. Имајќи го предвид мојот статус на сведок и тајноста на истрагата не можам да кажам нешто друго од она што веќе го имам споделено, изјави Стефанова на излегување од Обвинителството.

Во Јавното обвинителство завчера за случајот „Рекет“ даде исказ  обвинителката Елизабета Јосифовска од Специјалното јавно обвинителство.

Јосифовска претходно потврди дека таа го потпишала позитивното мислење за враќање на пасошот на осмоничениот во „Империја“, Орце Камчев, но појасни дека одлуката била на Јанева и таа како нејзина заменичка била должна да ја потпише, бидејќи ја заменувала додека била на одмор.

Истрагата за „Рекет“ во Јавното обвинителство ја води шефицата на организиран криминал Вилма Рускоска.

Засега единствените осомничени за случајот „Рекет“ Бојан Јовановски и Зоран Милески остануваат во притвор, откако вчера Кривичниот совет при Основниот кривичен суд им ја продолжи мерката за уште 30 дена.

Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Зоки Кичеец, Обвинителството ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот Јовановски и за  „перење пари и други приноси од казниво дело“. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе