Стејт департмент: Бугарија да ги спроведува своите закони еднакво за сите и да не го дестабилизира регионот

Бугарија да ги спроведува своите закони еднакво за сите етнички групи во земјата, меѓу кои и македонската и да изнајде решение на отворените прашања со Северна Македонија, бидејќи блокадата на пристапувањето на соседот во ЕУ „ризикува дестабилизација во регионот“, изјавија денеска за МИА од американскиот Стејт департмент, а поврзано со најновиот извештај за состојбата на човековите права во соседната земја.

Годишниот извештај за човековите права на Стејт департментот, објавен завчера, е продлабочен документ за состојбата со прекршувањето на човековите права во светот. Во извештајот за 2020 година е нотирано дека Софија продолжува да репресира поединци и групи од македонско потекло кои само сакаат слободно изразување и здружување, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

На прашања од МИА зошто е тоа така и зошто, во дополнение на тоа, властите во Бугарија не ја признаваат македонската историја, идентитет и јазик и го блокираат пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ, високо официјално лице на Стејт департментот го изјави следното:

„Ја охрабруваме Бугарија да ги спроведува своите закони еднакво за сите етнички групи и да се придржува до своите меѓународни обврски за човекови права, како правото на слободно собирање“.

Оттаму го истакнуваат историското значење на Договорот од Преспа склучен меѓу Грција и Северна Македонија.

– Овој договор демонстрира дека земјите од Западен Балкан се способни да завршат сложени работи, да направат компромиси и да дојдат до решение. Ние сме сиурни дека Бугарија и Северна Македонија ќе го сторат истото со преговарање околу нивните билатерални прашања, но тоа да се издвои од процесот за пристапување (на Северна Макодонија) во ЕУ, нагласува високиот претставник на Стејт депарментот.

Како што е познато, лани Бугарија го блокираше усвојувањето на преговарачката рамка за Северна Македонија, со што ги запре пристапните преговори на нашата земја со ЕУ.

– Блокирањето на интегративниот пат на Северна Македонија кон ЕУ ризикува дестабилизација на нормалните блиски односи меѓу сојузниците од НАТО и може да го поткопа значајниот прогрес за продлабочување на регионалната соработка. Тоа би било загуба за секоја земја од Јужна и Централна Европа, посочија од Стејт департментот во одговорот за МИА.

Оттаму додаваат и дека САД се силен поддржувач на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ.

– Сметаме дека иднината на Западниот Балкан е директно поврзана со ЕУ. Процесот на проширување во регионот промовира долготраен мир, стабилност и просперитет, велат од Стејт департментот.

Тагови
реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Читај повеќе