Многумина не сакаат снег, но немаат проблем со снешковци. Зошто и би имале, кој не ги сака снешковците? Одговорот на ова прашање го има кучето Стела, таа ќе го уништи секој снешко што ќе ѝ се најде на патот.
Во урнебесните снимки објавени на YouTube гледаме дека Стела го уништува секој снешко на кој ќе наиде, без око да ѝ трепне.
Во неколку ситуации се гледа дека таа најверојатно ги гледа снешковците како закана кон себе и семејството, па целосно ги уништува.