Stellantis ја надмина Tesla по продажба на електрични автомобили во Европа

Stellantis ја заврши првата половина од 2022 година на второто место кога станува збор за продажбата на електрични автомобили во Европа, надминувајќи ја Tesla и се најде зад Volkswagen.

Во првите шест месеци од оваа година, Stellantis продаде 105.413 електрични автомобили, со што лесно ја надмина Tesla, која продаде 78.277. Volkswagen Group и натаму е на првото место со 116.307 продадени возила. Проблемот за Tesla беа локдаун мерките во Кина кои влијаеа на производството во оваа земја.

„Се бориме за првото место на европскиот пазар“, изјави за Automotive News директорот на Stellantis, Карлос Таварес.

Продажбата на Stellantis Group е предводена од електричниот FIAT 500, кој беше најпродаваниот електричен автомобил во Италија и Германија во вториот квартал од 2022 година. Во првата половина од годината, Stellantis продаде 32.315 мали автомобили, што е зголемување за 72 отсто во споредба со истиот период во 2021 година.

Важен модел беше Peugeot e-208, кој беше продаден во 21.918 примероци, односно 11 отсто повеќе во однос на првата половина од минатата година. Хечбекот беше најпродаваниот електричен модел во Франција, а неговиот сестрински модел Opel Corsa продаде 13.380 примероци.

Кварталната продажба на Tesla падна на најниско ниво во последните две години, но тоа најмногу се должи на затворањето на фабриките, а не на падот на интересот на клиентите. И покрај сите предизвици, Model Y остана најпродаваниот електричен автомобил во Европа, со 39.969 примероци кои најдоа дом во првата половина на 2022 година. Зад него стои Model 3 со продадени 38.280 примероци, што бележи пад од 25 отсто во однос на истиот период минатата година.

Сепак, поголемиот дел од ограничувањата во Кина се укинати, па се очекува да се зголеми продажбата на автомобили на Tesla во втората половина од оваа година.

Stellantis имаше подобра продажба во вториот квартал од годината во однос на првиот, што значи дека расте и во желбата да го преземе тронот во Европа.

реклама

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе