Живот

Стевица Ѓорѓевски, студент на ФОН Универзитет, е финалист на наградниот конкурс на Дормео за дизајн

12. јануари 2018 - 15:13 |

Неодамна тимот на Дормео ги контактираше студентите од Европскиот Универзитет, Факултетот за дизајн и мултимедија при ФОН Универзитет и Меѓународниот Балкански Универзитет со цел воспоставување соработка за развој на нова колекција, што ќе биде дел од продуктното портфолио на Дормео во 2018 година.

Се работи за награден конкурс инициран од Дормео, бренд на Студио Модерна, што се реализира во над 25 земји за кој студентите требаа да испорачаат решенија од областа на графичкиот дизајн за креирање на нова, детска постелнина за момчиња и за девојчиња од 3 до 7 години. 

Идентификувајќи потенцијал за развој на автентични, уникатни и автохтони решенија за новата детска постелина, тимот на Дормео ги контактираше студентите бидејќи веруваше дека можат да одговорат на овој возбудлив предизвик. По евалуацијата на испратените решенија, жири комисијата ги објави тројцата финалисти, меѓу кои е Стевица Ѓорѓевски, студент на Факултетот за дизајн и мултимедија при ФОН Универзитет, насока графички дизајн.

„Силно веруваме во дизајнот на Стевица Ѓорѓевски и му посакуваме успех во финалето. Неговото решение е производ на неговата лична приказна и инспирација и навистина сме пресреќни што токму тој е еден од финалистите во оваа убава и корисна иницијатива. Неговата победа би била силна потврда дека во Македонија има потенцијал да се креираат извонредни графички решенија, што би можеле да се имплементираат и интернационално“, изјави Билјана Лончар, бренд менаџер на Дормео.

Креативната работа е радост, задоволство и восхит, а наградниот конкурс за детска постелнина за Дормео претставува извонредна можност за изразување на креативната оригиналност што младите ја носат во себе.

„Со восхит го прифатив повикот за учество, а уште поголема радост ми е информацијата дека сум еден од финалистите во овој награден конкурс. Ме возбудува идејата дека можеби токму мојот дизајн ќе разубави нечија детска соба и ќе им овозможи нов, убав, живописен, имагинарен свет на најмалите“, изјави Стевица Ѓорѓевски.

Во моментот се изработуваат примероци во реална големина, врз основа на што ќе се одбере победникот со кој Дормео ќе изгради одлична партнерска соработка, а решението што ќе победи ќе стане партнер на Дормео за оваа колекција и ќе допре до потенцијални 360 милиони потрошувачи.

*Промотивен текст

Коментирај