Стигна Komendant - „рускиот Rolls-Royce“ изгледа спектакуларно

Проектот за руски луксузни возила Aurus не запре и покрај војната во Украина.

Руските олигарси кои не се „мистериозно“ настрадани очекуваат добри вести бидејќи Aurus го претстави целосно новиот Komendant.

Дизајниран да обезбеди „беспрекорна удобност при секое патување“, Komendant е ултралуксузен SUV во ист стил како и Bentley Bentayga и Rolls-Royce Cullinan.

Сличностите со вториот се толку впечатливи бидејќи Komendant има масивна предна табла со LED фарови и големи отвори за воздух.

Дека Rolls-Royce е очигледна инспирација потврдува и погледот од страна каде до израз доаѓаат масивните тркала кои можат да бидат од 20 до 22 инчи.

Меѓу другото, карактеристиките вклучуваат пар големи квадратни издувни цевки на задниот дел, врата на багажникот што се отвора електронски и загреано ветробранско стакло.

Во однос на големината, Komendant има должина од 5.380 мм, ширина 2.004 мм и висина од 1.820 мм, со меѓуоскино растојание од 3.100 мм.

За да се стават овие бројки во перспектива, рускиот модел е 39 мм подолг од Rolls-Royce Cullinan, но има 195 мм пократко меѓуоскино растојание.

Внатрешноста исто така се чувствува суперлуксузно, со скапи материјали и украсни детали од дрво и метал.

Има дигитална инструмент табла, мултимедијален систем со широк екран и (во овие модели) неизбежниот аналоген часовник.

Идните сопственици ќе уживаат и во четиризонската контрола на климата, амбиентално осветлување, држачи за чаши со греење/ладење и безжични полначи за паметни телефони.

Со оглед на статусот на ултралуксузен теренец, во задниот дел, наместо споени седишта, има две посебни „фотелји“ кои имаат функции за греење, вентилација и масажа.

Remote video URL

Тие се одделени со широка централна конзола која содржи маси на преклопување и мини-бар со фрижидер.

Komendant може да се пофали и со систем за забава на задниот дел со двоен екран.

Aurus исто така соопшти дека клиентите можат да го персонализираат своето возило бидејќи компанијата нуди прилагодено боење, гравирање на праговите и специјален вез на потпирачите за глава.

Клиентите може да нарачаат и специјални фурнири и уникатни украси.

Во срцето на хибридниот погон е 4,4-литарски V8 твин-турбо мотор кој произведува 598 КС (440 kW) и 880 Nm вртежен момент.

Тој е поврзан со деветстепен автоматски менувач и стандарден систем за погон на четири тркала.

Оваа конфигурација му овозможува на 3.235 кг Komendant да забрза од 0-100 км/час за 6,5 секунди, пред да достигне максимална брзина од 220 км/час.

И покрај неговиот хибриден погонски систем, теренецот е „жеден Русин“ со оглед на просечната комбинирана потрошувачка на гориво од 18,5 лl/100 км.

Меѓу важните карактеристики е адаптивната воздушна суспензија која обезбедува 260 мм растојание од земјата.

Моделот има и head-up дисплеј, систем за камера од 360 степени и напредни системи за помош на возачот.

Цените наводно започнуваат од 33,7 милиони рубљи, што е околу 590.000 евра.

Komendant е прилично скап, ако се знае дека Rolls-Royce Cullinan чини околу 350.000 евра.

Погледнете го Komendant од секој агол во нашата ГАЛЕРИЈА.

Тагови
реклама
Меланија Трамп доби прв портрет како Прва дама на САД

Меланија Трамп доби прв портрет како Прва дама на САД

Read more
НАТО ја појасни процедурата за зачленување на Македонија

НАТО ја појасни процедурата за зачленување на Македонија

Read more
Николас Кејџ откри зошто одбил улога во „The Lord of the Rings“

Николас Кејџ откри зошто одбил улога во „The Lord of the Rings“

Read more
Без инциденти заврши првата Парада на гордоста во Сараево

Без инциденти заврши првата Парада на гордоста во Сараево

Read more

Авто новости

Зошто треба да се фрла сол на патиштата и во лето?

Read more

Новиот живот на легендарнaта „Буба“

Read more

Nissan ја претстави електричната Micra

Read more

Xiaomi ќе го претстави SUV моделот YU7 на 22 мај

Read more
 

Автомобили

Зошто треба да се фрла сол на патиштата и во лето?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Новиот живот на легендарнaта „Буба“

Читај повеќе

Nissan ја претстави електричната Micra

Читај повеќе

Xiaomi ќе го претстави SUV моделот YU7 на 22 мај

Читај повеќе
  • filter

Кинескиот одговор на Cybertruck оди во сериско производство

Читај повеќе

Renault 4 се враќа во 4х4 издание

Читај повеќе
  • filter

Ден на автомобилска извонредност: Porsche Центар Скопје домаќин на 911 заедницата

Читај повеќе
  • filter

Како настана првиот пикап на Балканот?

Читај повеќе

Камионите DAF добиваат соларни панели, наводно ќе трошат помалку гориво

Читај повеќе