Стигна конкуренцијата: Полета првиот кинески патнички авион C919

Првиот кинески патнички авион од домашно производство утрово полета на својот прв комерцијален лет.

Државната телевизија го прикажа C919 како се издигнува на небото над Шангај и се упатува кон главниот град Пекинг, објави BBC.

Авионот е дело на Commercial Aviation Corporation of China (Comac), компанија која се надева дека ќе ја прекине доминацијата на авионите на Airbus и Boeing.

Кинескиот авион со 164 седишта сè уште многу се потпира на западните компоненти, вклучувајќи ги моторите и разни други компоненти.

Неговиот прв комерцијален лет од Шангај до Пекинг, со повеќе од 130 патници, заврши за нешто помалку од три часа.

Државниот авиопревозник China Eastern Airline нарача пет авиони.

Comac, кој планира да произведува 150 авиони годишно во пет години, вели дека веќе има обезбедено повеќе од 1.200 нарачки за C919.

Некои експерти, сепак, велат дека повеќето од тие нарачки се сметаат за писма со намера од домашни купувачи.

Претседателот Си Ѓинпинг, кој седна во пилотската кабина на макет C919 пред неколку години, го опиша проектот како едно од најиновативните достигнувања на Кина.

Remote video URL
реклама

Едно овошје е број еден за намалување на крвниот притисок

Read more

Решението за лошиот здив од лукот стои во фрижидерот

Read more

Зошто археолозите стравуваат да ја отворат гробницата на првиот кинески император?

Read more

Апасиев: Убиецот на Ибе Паликуќа сега има улица во Скопје

Read more

Вести

Робот ќе пребарува објекти што горат и ќе наоѓа луѓе што треба да се спасат

Read more

Каква црвена боја се користи низ Европа?

Read more

Најголемата соларна термална платформа во Европа никна во Белгија

Read more

Во САД се отвора првата фабрика за производство на хуманоидни роботи

Read more
 

Гик

Решена е децениската мистерија што ги прави отпечатоците од „копита“ на дното на океанот

Читај повеќе

Apple започна со продажба на iPhone телефони произведени во Индија

Читај повеќе

Робот ќе пребарува објекти што горат и ќе наоѓа луѓе што треба да се спасат

Читај повеќе
  • filter

Xiaomi ги претстави Redmi Note 13, 13 Pro и 13 Pro+

Читај повеќе

Дали црните дупки се зголемуваат како што универзумот се шири ?

Читај повеќе
  • play_arrow

Што ако НАСА воопшто не постоеше?

Читај повеќе

Xiaomi Redmi Note 13 Pro ќе има невообичаено висок капацитет на меморија и брзина на полнење

Читај повеќе

Каква црвена боја се користи низ Европа?

Читај повеќе

Facebook го смени логото, ја забележувате ли разликата?

Читај повеќе