Стигна RedmiBook 13 со Core i7 процесор и GeForce MX250 графичка

Redmi го претстави лаптопот RedmiBook 13 кој претставува помала верзија на постоечкиот уред RedmiBook 14.

Новиот лаптоп стигна со десетта генерација Intel Core i5 и Core i7 процесор, како и Nvidia GeForce MX250 графичка картичка.

RedmiBook 13 има метално куќиште, тежи 1,23 килограми и е со дебелина од 17,8 милиметри.

Лаптопот содржи 13,3-инчен LCD дисплеј со 1080 x 1920p Full HD+ резолуција. Екранот има 16:9 однос на страниците и нуди агол на гледање од 178 степени.

И двете верзии на лаптопот (со Core i7 и со Core i5) имаат 8GB RAM и 512GB SSD простор за складирање.

Оперативниот систем е Windows 10. Присутни се вообичаените опции за конекција - Wi-Fi 802.11ac, Bluetooth 5.0, USB 3.1, HDMI и 3.5mm приклучок.

Исто така, има два 2W звучници со DTS аудио поддршка. Батеријата од 40W со едно полнење може да трае до 11 часа.

Лаптопот RedmiBook 13 со Core i7 и Core i5 процесор во Кина се продава по цена од 782, односно 682 долари.

Од денеска ќе има и Moonlight Silver варијанта. Засега не се знае дали лаптопот ќе биде достапен во глобална продажба.

реклама

Морничави остатоци од напуштени хотели низ Југославија

Read more

Пет знаци кои откриваат дека некој е на стероиди

Read more

Безбедност на велосипедистите: Кога во Скопје ќе се вози со 30 км/ч?

Read more

Објавени првите подетални вести за состојбата на Михаел Шумахер

Read more

Хардвер

Apple ги претстави новиот iPad Air и паметниот часовник Apple Watch 6

Read more

Познат датумот кога Sony ќе ја претстави конзолата PlayStation 5

Read more

Новите паметни часовници на Fitbit го мерат нивото на стрес

Read more

Konami започна со производство на гејмерски компјутери

Read more

Гик

Домејн за Pirate Bay продаден за 50.000 долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Трикови за iOS 14: Како да ставите повеќе фото виџети на вашиот iPhone?

Читај повеќе
  • play_arrow

TikTok останува во САД, но под целосна контрола на Американците

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 5 новитети во iOS 14 за iPhone кои мора да ги пробате

Читај повеќе
  • filter

Xiaomi го најави новиот модел Mi 10T Pro за европскиот пазар

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа бура на Јупитер?

Читај повеќе
  • play_arrow

Кои видеоигри се достапни за PS5?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Смартфонот Motorola G9 Play пристигна во Европа, позната и цената

Читај повеќе

Паднаа Facebook и Instagram – дали забележавте проблеми?

Читај повеќе