При крајот на минатата година неколку компании најавија дека работат на нови смартфони со екран кој се витка, а Royole беше првата од нив која го претстави уредот на пазарот. FlexPai е микс на смартфон и таблет кој работи...едвај.
Не може да ги обвините Royole поради нивниот неуспешен експеримент, сепак тоа е компанија која постои само пет години. На крајот од денот, Royole беше основана со една цел – да развива и продава флексибилни дисплеи. Кога забележа дека постои опасност Samsung да стане првата компанија која ќе произведе телефон со екран кој се витка, Royole реши да побрза и да произведе телефон со оваа револуционерна технологија. Резултатот, за жал, е полуфункционален смартфон кој со сигурност нема да ве воодушеви со перформансите.
Royole FlexPai има 7,8-инчен екран, кој може да се превитка на два дела, односно два „посебни“ телефони. Тој има можност за две SIM картички, по една за секоја од двете половини – опција која изгледа сосем непотребно иако од компанијата наведуваат дека телефонот автоматски детектира која од двете половини се користи.
FlexPai работи на Android, но навистина е тешко телефонот да биде усогласен со оперативниот систем бидејќи тој не е дизајниран за телефони кои се превиткуваат на пола. Може да се забележи дека компанијата се потрудила кога е во прашање дизајнот, па FlexPai изгледа сосем прифатливо како за телефон со оваа големина.
Сепак, најголемиот проблем кај Royole FlexPai е функционалноста на софтверот и основните операции. Секогаш кога екранот ќе се свитка или пак ќе се врати во првобитната состојба, сите функции се „збунуваат“ и телефонот има проблеми со функционирањето.
За крај, важно е да знаете дека не се работи за некој концепт од иднината, туку за вистински телефон кој веќе постои. Royole FlexPai почна да се продава во Кина по цена од 8.999 јени, односно 1.320 американски долари.