КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕУРО 2020

Стигнаа сите фудбалери, репрезентацијата ја почна мисијата Австрија

Денеска македонската репрезентација комплетна одржа тренинг откако во текот на денот пристигнаа и Пандев, Несторовски, Барди и Димитриевски.

Во тренинг центарот при Куќата на фудбалот во скопската населба Ново Лисиче, македонските репрезентативци го одржаа првиот сериозен тренинг во пресрет на саботниот натпревар со Австрија во Виена. Последени денес се приклучија калчаторите Горан Пандев и Илија Несторовски, како и „Шпанците“ Енис Барди и Столе Димитриевски.

Помеѓу сите играчи се наоѓа и едно 19-годишно момче. Тоа е централниот дефанзивец на Вардар, високиот Марио Младеновски кој по вторпат е со репрезентацијата откако беше повикан и минатиот месец. Тогаш не настапи, а сега се надева дека селекторот Игор Ангеловски ќе му даде шанса, макар од клупата, да дебитира.

„Чест е ако добијам шанса на еден од двата натпревара. За еден млад фудбалер многу значи ако добие прилика да игра пред полн стадион. Во овие два меча треба да влеземе максимално мотивирани за да ги добиеме. Првиот меч со Австрија ќе биде тежок, имаат одлични фудбалери, но ние ќе се обидеме да го дадеме максимумот“, изјави Младеновски за ФФМ.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе