Стив Банон подготвува одмазда, на мета и Иванка Трамп

Стив Банон, соборениот главен стратег на Белата куќа, наводно размислува за отворање телевизиска мрежа која ќе му овозможи да се одмазди на умерените советници во Белата куќа и да го притиска претседател Доналд Трамп да продолжи со популистичката агенда на економски национализам.

Сојузниците го споредија Банон со “тигар ослободен од кафез”, што укажува дека работите што ќе следат ќе бидат “грди”, со оглед на тоа што на мета му е републиканскиот естаблишмент и она што тој го нарекува “Демократи од западното крило“. Телевизијата на Банон, ако се формира, ќе биде ривал на телевизијата „Fox News“, сопственост на Руперт Мардок кој го поддржува Трамп, но кој за Банон е премногу умерен.

На мета на Банон ќе биде кругот на претседателски советници познати како “глобалисти”. Тоа ги вклучува Џеред Кушнер и Иванка Трамп, главниот економски советник Гери Кон, секретарот за финансии Стив Мнучин и советникот за национална безбедност Мекмастер, со кого Банон ја изгуби битката околу испраќањето повеќе војници во Авганистан.

Исто така, на линијата за „отстрел“ се републиканските лидери во Конгресот, како што се Пол Рајан, спикерот на Долниот дом и лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел, кои Банон ги обвинува за одолговлекување на агендата на Трамп, вклучувајќи го и градењето на граничниот ѕид и уривањето на здравствената политика „Obamacare“.

Банон има неколку сојузници во рамките на Белата куќа кои ја промовираат неговата агенда на економски национализам. Имаше шпекулации дека неколкумината кои останаа, вклучувајќи ги високиот политички советник Стивен Милер и заменик-помошникот Себастијан Горка, може да бидат „исчистени“ од страна на Џон Кели, новиот шеф на кабинет кој се обидува да воведе ред во хаотичната администрација.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Свет

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more
 

Вести

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе