Вести

Стивен Хокинг ќе патува во вселената

20. март 2017 - 16:44 | Б.С.Б.

Познатиот британски научник Стивен Хокинг ќе патува во вселената откако Ричард Бренсон му понуди место во вселенскиот брод на Virgin Galactic.

Во ТВ-емисијата „Good Morning Britain“ Хокинг изјави дека никогаш не ни сонувал за тоа дека ќе биде способен да патува во вселената, но кога му било понудено местото тој веднаш прифатил, пренесува Independent.

„Откако моите три деца ми донесоа голема радост и задоволство во животот, можам да кажам дека патувањето во вселената ќе ме направи среќен човек“, вели Хокинг.

Професорот исто така коментираше и неколку други теми како глобалното затоплување, го критикуваше Доналд Трамп, коментираше и за Брегзит, предупредувајќи ги политичарите дека Велика Британија треба да ги задржи врските со Европа и светот, а со напуштањето на Европа загрозен е статусот на земјата како лидер во науката и иновациите.

Коментирај