Филм & ТВ

Стивен Спилберг и Леонардо Дикаприо заедно ќе работат на нов филм

18. мај 2018 - 10:53 | К.З.

Кога се зборува за соработки помеѓу врвни актери и режисери, „Catch Me If You Can“ е прилично потценет, иако се работи за добро направен филм во кој секој може да ужива. Сега, 16 години подоцна дуото составено од Спилберг и Дикаприо најавува нова соработка.

Можеби е изненадувачки што ова дуо досега работеше заедно само на еден филм, но тие брзаат за да ја исправат таа ситуација.

Според магазинот Deadline, Спилберг и Дикаприо се во преговори за заедничка работа на биографски филм за поранешниот генерал на армијата на САД и нивни 18-ти претседател, Јулисес С. Грант.

Грант, кој се појави накратко во филмот „Lincoln“ на режисерот Стивен Спилберг, ја предводеше армијата на Унијата за време на Граѓанската војна, за потоа да отстапи од функцијата генерал и да стане претседател на САД, каде служеше два мандати. Тој е познат по тоа што ја стабилизираше економијата на САД и активно работеше на искоренување на Кју Клукс Кланот.

Секако, на Леонардо Дикаприо не би му било првпат да глуми историски лик, откако претходно се појави во улогите на Џ. Едгар Хувер и Хауард Хјуз.

Коментирај