Сточарите бараат реална откупна цена на јагнешкото месо

Сточарите од Брегалничкиот регион бараат реална откупна цена на јагнешкото месо. Сметаат дека цената од 180 до 190 денари за килограм жива мера не им е ниту исплатилива, ниту доволна за да преживеат.

Наспроти ова, во месарниците цената на јагнешко месо се продава по цена од над 540 денари за килограм. Сточарот Омер Бајрам од штипското село Лакавица е единствениот кој останал да чува овци. Посочува дека цената на храната е висока, има многу работа околу овците и јагнињата, а како што вели, на крајот речиси и ништо да не останува. Според него реалната откупна цена на јагнето треба да биде околу 280 денари.

-Цената да ти кажам сега за сега е заникаде. 180 до 190 денари жива мера е, а во месарниците е 500 до 600 денари. Ние не можеме со ваква цена да останеме, килограм концентрат е 30 денари, јачмен 21 до 22 денари, не сме благодарни од цената. Реалната цена треба да биде барем двојно, оти 100% сè е поскапено, минимална треба да е 260 до 280 денари, вели Бајрам.

Иако има 400 грла овци, тој не произведува сирење и урда, бидејќи и тоа е неисплатлво, а ниска е и цената на млекото, кое се откупува од нив.

-Од нас сточарите млекото го земаат евтино за 50 денари и тоа не е исплатливо. Не е исплатливо, ништо не правиме со него. Лани беше 40 денари, оваа година 50 денари овчо млеко. Едно кафе во кафич е 60-70 денари, а едно литро овчо млеко е 50 денари, вели Бајрам.

Забележува дека сточарите само се залажуваат пред празниците, кога цената се качува за одвај десет денари. Бајрам со сточарство се занимава од неговата 15-та година.

реклама

Македонија

Се враќа евтината дневна тарифа на струјата

Read more

ВМРО-ДПМНЕ предлага законски олеснувања за лекување на болните од цистична фиброза

Read more

Трипуновски: Отровен зеленчук е увезен од Албанија во Македонија, Обвинителство да отвори истрага

Read more

По три месеци - ниту трага, ниту глас од внукот на Љубе Бошкоски

Read more
 

Вести

Дадилката на Коста – клучен сведок во случајот со масакрот во „Рибникар“, пишуваат српските медиуми

Читај повеќе

Се враќа евтината дневна тарифа на струјата

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ предлага законски олеснувања за лекување на болните од цистична фиброза

Читај повеќе
  • play_arrow

Трипуновски: Отровен зеленчук е увезен од Албанија во Македонија, Обвинителство да отвори истрага

Читај повеќе

Фатен струмичанец кој избегал од затвор каде требало да одлежи уште година за измама

Читај повеќе

По три месеци - ниту трага, ниту глас од внукот на Љубе Бошкоски

Читај повеќе

ЗНМ: Срамна одлука на Апелациониот суд Скопје на штета на истражувачкото новинарство

Читај повеќе

Ковачевски му ја честита победата на Ердоган

Читај повеќе
  • play_arrow

Нови инциденти во Косово: Полицијата фрли солзавец

Читај повеќе