Фудбал

Стоичков заплака во емисија зборувајќи за расизмот и нацизмот во Бугарија

16. октомври 2019 - 14:16 | Ф.З.

Легендарниот бугарски напаѓач Христо Стоичков не можеше да ги додржи солзите кога во емисија зборуваше за инцидентот со бугарските навивачи кои ги навредуваа Англичаните.

Стоичков ја однесе Бугарија до четвртото место на Мундијалот 1994 во САД, а 25 години подоцна не само што резултатите се катастрофални туку и дел од публиката го спушти бугарскиот фудбал уште подолу.

Поранешниот голгетер на Барселона беше гостин во емисија на каналот TUDN кој ги пренесува европските квалификациите на територија на САД.

Водителката го праша дали она што се случи му предизвикува тага, на што Стоичков одговори:

„Се разбира, ама што да правам? Треба да се преземат мерки. Како во Англија, да се бркаат од стадион. Или поригорозно: пет години забрана за одење на стадион. Треба да научат еднаш засекогаш. Не заслужуваат да има фудбал. Страда мојот народ заради ова. Мислите јас убаво се чувствувам?“, а потоа бугарската легенда заплака.

Коментирај