Стоилов: ЕХФ бездушно нè казни

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, изрази разочарување од одлуката на ЕХФ за исфрлање на македонскиот тим од Лигата на шампионите.

– Многу сум разочаран од одлуката на ЕХФ. Бездушно не казнија кога веќе се гледаше крајот на долговите и кога клубот застана на нога по неколку тешки години. Со добри засилувања за следна сезона и тешко освоена двојна титула, тие не вратија многу назад. И претходно имаше многу можности да нè казнат, но ова што сега се случи во пресрет на новата сезона е чудно. Останувам во Вардар и ќе поминеме низ ова, изјави Стоилов.

Тој му порача на претседателот на клубот, Михајло Михајловски да остане во Вардар сè до целосно средување на состојбата.

Стоилов им порача на сите кои можат и кои сакаат да му помогнат на двократниот европски шампион.

– Сум слушнал многу ветувања. Од тоа има нула помош. Барем ветените средства да се реализираат. Знам дека во услови н апандемија и војна тешко е во сите сфери. Не играме ЛШ, тоа е чекор назад. Сепак, ние сме Вардар, одиме повторно на титула, иако ќе биде многу тешко против Еурофарм Пелистер кој има респектабилна екипа, потенцира Стоилов на денешната прес-конференција.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) на 17 јуни одлучи да го суспендира Вардар од Лигата на шампионите поради финансиски долгови кон поранешни играчи.

Од таборот на „црвено-црните“ информираа дека до денес кај нив нема стигнато никакво известување за покрената тужба против нив.

реклама

Цените на нафтата паднаа на најниско ниво од февруари

Read more

Короната има нов симптом - заразените не се ни свесни дека е од вирусот

Read more

Поранешен бунтовник стана претседател на Колумбија, најави преговори со нарко-бандите

Read more

Што ќе се вози во Русија: Москва како Хавана?

Read more

Ракомет

Лесјак и Дејвис промовирани во нови ракометари на Еурофарм Пелистер

Read more

Дејан Манасков нов ракометар на Вардар 1961

Read more

Скопје од денеска домаќин на Светското првенство за ракометарки до 18 години

Read more

Црногорецот Добрковиќ нов ракометар на Вардар 1961

Read more
 

Спорт

Роналдо додаде причини за заминување од Јунајтед

Читај повеќе
  • play_arrow

Холанд цензуриран поради вулгаризми: Не ми оди јазикот

Читај повеќе
  • play_arrow

Голот со „ножички“ на Меси ги одушеви и противничките навивачи

Читај повеќе

Баерн радикално штеди: Без гас и топла вода на Алијанц Арена

Читај повеќе

Чави ентузијаст пред почетокот на сезоната

Читај повеќе

Зверев откри дека има дијабетес и отвори фондација

Читај повеќе

Дали „деветката“ во Челси е проколната?

Читај повеќе

Конте: Мразам лажговци

Читај повеќе

Фудбалер на Малме ја пропушти сопствената свадба поради натпревар

Читај повеќе