Стоилов: Горд сум што сум капитен на овој тим

„Јас сум горд што сум капитен на овој тим. Првиот македонски ракометен тим во машка конкуренција што ја освои Лигата на шампионите“, рече по вчерашниот натпревар Стојанче Стоилов, капитен на РК „Вардар“.

Ракометарите на Вардар синоќа ја освоија титулата во Лигата на шампионите, откако во драматичното финале го совладаа ПСЖ 24:23 (11:12). Слично како и во полуфиналето, Вардар славеше со гол во последната секунда, кој го постигна Иван Чупиќ, кој ја одбрани титулата, бидејќи лани беше најдобар со Кјелце.

Според Стоилов, ракометарите покажале карактер и огромна храброст.

„Знаевме дека ќе биде исто како во полуфиналето, знаевме што треба да правиме, се боревме цел натпревар, одбраната беше пресудна. Се надеваме дека израдувавме цел град и цела Македонија“, порача Стоилов.

„Вардар израсна во многу голем колектив, голем тим. Гиневме сите еден за друг во текот на целата сезона. Иако малку нè потценуваа, на крај покажавме, четири титули во една сезона“, рече ракометарот на Вардар Игор Карачиќ.

Тој мечот го следеше од клупата, но додаде дека сите играчи одиграле брилијантно.

„Играчите беа супер, имаа желба да играат и кога требаше да играат мудро, го направија тоа“, рече по мечот тренерот на Вардар Раул Гонзалес, кому ова му е прв трофеј како тренер.

„Имавме многу среќа, но се трудевме четири години да влеземе во Ф4. Ние сме шампиони, цела Македонија да биде горда“, порача Гонзалес.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе