Стојанче Ангелов: „Беласица“ со месеци ќе остане затворен, прв ќе падне мостот во Визбегово

Голем дел од институциите во државата работат со слаб капацитет и понекогаш не ги сфаќаат сериозно предупредувањата на Центарот за управување со кризи, вели Стојанче Ангелов, директорот на оваа институција во интервју за Макфакс.

„Дали треба да чекаме некој да загине, или да изгубиме значаен имот, како што е мостот ‘Беласица’ каде што штетата ќе биде милионска, или е подобро навреме да реагираме“, прашува Ангелов.

Директорот на ЦУК предупредува дека мостот кај Визбегово е можеби и најкритичната точка во Скопје, за кој, како што вели, ќе биде прв мост што ќе падне.

„Од мостот Визбегово излегуваат коцки кои се тешки по неколку килограми и тие паѓаат долу на патот под подвозникот на исклучително фреквентна улица. И замислете таква коцка да падне некому на ветробранското стакло. За жал, овој мост сѐ уште е отворен и прогнозирам дека ќе биде прв мост кој што ќе падне“, појаснува Ангелов.

Штетите за опожарениот мост „Беласица“, според Ангелов, ќе бидат милионски. Апелира, да биде забранет за сите, освен за оние што работат.

„Разговарав со Гаревски и го замолив во моменот кога ќе утврдат дека мостот е безбеден за граѓаните да се отвори барем за движење за пешаците. За возила најверојатно ќе мора да се почека неколку месеци а можеби и повеќе“, истакнува Ангелов.

Првиот човек на ЦУК забележува и за големиот број на вработени во државната администрација, за кои, како што вели, ниту се мотивирани, ниту се доволно образовани, ниту сакаат да работат.

„Во ЦУК има голем број на луѓе кои земаат плата а воопшто не работат. Погледнете ги директорите пред мене. Сите биле извонредни луѓе, но колку имале искуство од областа на безбедноста или кризниот менаџмент. За жал така е во многу други институции. Тие се политички именувани. Пред некое време се вртеше едно видео со временска прогноза. Да не зборувам, да не ми се налути директорот. Но во врска со ова треба да се води малку ред“, прецизира Ангелов.

Кочницата за обештетување на бранителите од 2001 година, според Ангелов, е во ДУИ.

За лидерот на оваа партија, Ангелов ќе каже дека Ахмети не е само претседател туку и командант на ДУИ.

Каква политичка иднина им предвидува на „огнените“ и на Изет Меџити, дали останува во владината коалиција, за односите на Достоинство со СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и слично, во интервју за Макфакс со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК и лидер на Достоинство.

Remote video URL
реклама

Шест знаци дека ви недостасува витамин Б12

Read more

Рани симптоми на срцев удар што се појавуваат неколку месеци порано

Read more

Зошто луѓето го мразат Новак Ѓоковиќ?

Read more

Зошто Белгија воведува зелено трепкачко светло на возилата?

Read more

Македонија

Родители најавуваат бојкот откако градоначалникот ја разреши, а министерката ја врати директорката на градинката „Детска радост“

Read more

Шишиња, лименки, конзерви извадени од Охридското Езеро

Read more

Сончево време, попладне порoен дожд, грмежи и ветер

Read more

Град Скопје: Граѓаните добиваат нова ботаничка градина во ЗОО Скопје

Read more
 

Вести

Родители најавуваат бојкот откако градоначалникот ја разреши, а министерката ја врати директорката на градинката „Детска радост“

Читај повеќе

Пешак загина на патот Прилеп-Битола, повредено и дете

Читај повеќе

Кумановец со автомобил удри во две девојчиња

Читај повеќе

Необични правила во Турција на одлучувачкиот ден на изборите

Читај повеќе

Америка се спаси од банкрот

Читај повеќе

Кина избршиша 1,4 милиони објави од интернет

Читај повеќе

Во Скопје се вози брзо – за еден ден казнети 70 возачи

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Со 54 дрона Русите синоќа го нападнале Киев, Украина јавува за еден загинат

Читај повеќе
  • filter

Шишиња, лименки, конзерви извадени од Охридското Езеро

Читај повеќе