Стојмир Дејаноски е нов претседател на КК Гостивар

Кошаркарскиот прволигаш од Гостивар доби нов претседател. По истекот на мандатот на досегашниот Игор Ристоски, на раководната позиција претседател на Управниот одбор на КК Гостивар е избран Стојмир Дејаноски, гостиварски стопанственик и доскорешен член на управата на клубот.

Смената на раководната функција се случила по синоќешниот состанок на кој главни теми биле плановите за наредната сезона. На состанокот биле потврдени функциите на Ѓорѓи Божиновски (спортски директор), Александар Трпевски (финансиски директор) и Ивица Адамовски (извршен директор).

Раководството на клубот дискутирало и за учеството во АБА2 лигата, за која во гостиварскиот прволигаш сериозно се размислува. Од тие причини биле разгледувани условите во салата „Младост“ во која тимот ги игра натпреварите како домаќин. Салата засега не ги исполнува критериумите за одигрување на натпревари од повисок ранг кои се пропишани од ФИБА. Претходно биле констатирани некои недостатоци кои се однесуваат на греењето, соблекувалните, семафорите, покривот на салата, влезовите, осветлувањето и инфраструктурата околу објектот. За ова се разговарало и со локалната самоуправа, во чија сопственост е салата и од градоначалникот добиле ветување дека тоа може да се надмине за кусо време.

Раководството на КК Гостивар ја утврди финансиска рамка според која ќе се димензионира и буџетот на клубот за идната сезона.

Од клубот информираа дека се чека на насоките од КФМ и ФИБА за отпочнување на подготовки и стартот на новата натпреварувачка сезона.

По почетокот на вториот дел прекинатото првенство, КК Гостивар го засили играчкиот кадар и најави пласман во врвот на табелата. Пред прекинот, клубот беше на третото место на табелата со 29 бодови исто колку и второпласираниот Работнички.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Кошарка

Бакс и Лејкерс одиграа спектакуларно дерби со дури две продолженија

Read more

Балканците доминираа синоќа во НБА

Read more

Најплатената ѕвезда во НБА: Постот за Рамазан ми го спаси животот

Read more

Лејкерс славеа во меч со речиси 300 поени, Голден Стејт испушти место во плеј-ин

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе