Столе Димитриевски херој во триумфот на Рајо над Барселона

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, му донесе три бода на својот тим Рајо Ваљекано од дуелот со шпанскиот фудбалски великан Барселона.

Димитриевски при водство на Рајо со 1:0, во 72. минута му го одбрани пеналот на Мемфис Депај па резултатот не се промени до крајот на мечот.

Ова беше натпревар од 11. коло во Ла Лига. Барселона од последните 10 пенали не реализира пет. Пред Депај, удар од 11 метри не реализираа сега веќе поранешните играчи на Барса, Лионел Меси (два пати), Антоан Гризман, како и Мартин Брајтвајт.

Воедно, продолжува лошата резултатска серија на каталонскиот клуб со третиот пораз на последните четири средби во шпанското првенство.

Од 10 натпревари, Барселона има само 15 бода и е на средината на табелата, додека Рајо Ваљекано има 19 бода од 11 натпревари и во е во горниот дел на табелата. 

По серијата лоши натпревари, Куман доби отказ.

реклама

Кои се најголемите опасности од гледање порно филмови?

Read more

Како точно се пресметува возраста на кучињата во човечки години?

Read more

Кое е вашето идеално место за секс според хороскопот?

Read more

Што е поздраво - свинска маст или масло?

Read more

Фудбал

Меси: Левандовски ја заслужи Златната топка во 2020

Read more

Нејмар два месеца во аут поради повредата на зглобот

Read more

Направена жрепката за Светското клупско првенство на ФИФА

Read more

Најдобриот голман во светот не е прв избор ни во својот клуб

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Меси: Левандовски ја заслужи Златната топка во 2020

Читај повеќе

Кошаркарите водеа на полувреме, па загубија од Украина

Читај повеќе

Нејмар два месеца во аут поради повредата на зглобот

Читај повеќе

Направена жрепката за Светското клупско првенство на ФИФА

Читај повеќе

Најдобриот голман во светот не е прв избор ни во својот клуб

Читај повеќе

Вечерва се доделува Златната топка: Кој ќе ја освои?

Читај повеќе

Јунајтед го назначи Рангник за привремен тренер

Читај повеќе

Медведев: Ѓоковиќ треба да чести вечера

Читај повеќе
  • play_arrow

Варварска ММА борба: Удирал онесвестен противник, навивачите згрозени

Читај повеќе