Столтенберг: Нема природен закон според кој НАТО треба да постои вечно

Брисел, 11 јули 2018 (МИА) - Важно е да се разбере  дека нема природен закон според кој НАТО треба да постои вечно. Тоа го изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пред почетокот на дневниот состанок на шефовите на државите и владите на земјите од воено политичкиот сојуз.

- Треба да ја сочуваме Алијансата и да ја осовремениме. Се трудам да го ограничам колку што е можно негативното влијание на несогласувањата во НАТО. Досега тие не се рефлектираа толку многу, не знам како ќе биде во иднина, додаде тој.

- Мојата главна задача е 29-те држави на Алијансата да останат заедно па затоа барам заедничка основа. За главното прашање сме едногласни - трошоците за одбраната не се споделуваат подеднакво, рече Столтенберг.

По повод денешниот појадок со претседателот на САД, на кој Доналд Трамп забележа дека Германија е зависна од Русија за гас и за ниските одбранбени трошоци, Столтенберг истакна дека Трамп е јасен.

- САД го платија појадокот - убав сок од портокал и печени парчиња леб, прецизира тој.

Тој нагласи дека НАТО е половина од светската и трговска сила.

- Двете светски војни и Студената војна покажаа дека заедно сме посилни, тоа е добро за сите, особено за САД, бидејќи му овозможува да бидат светска сила - тие можат да бидат присутни во Азија и Африка. Европа е таа која им помогна на САД (по 11 септември 2001). Не постои друга сила или држава со толку многу сојузници во светот како САД. Заедно сме половина од светската воена и трговска сила, истакна Стотелберг, во контекст на изјавата на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск дека САД треба да ги ценат сојузниците, бидејќи не се многу.

- Не гледаме непосредна закана за Русија по некои од сојузниците на НАТО. Мојот пристап кон Москва е изграден врз основа на моето искуство од 90-тите години како министер. Дури за време на Студената војна, Норвашка имаше односи со Москва. Има потреба да бидеме силни и цврсти, да вложуваме во безбедноста - тогаш можеме да водиме политички разговор со Русија. Но, не прифаќаме руско мешање во внатрешните работи на други држави, како нападот во Солсбери, обид за превласт во Црна Гора, настаните во Крим. Тоа не значи дека треба да се престане да се разговара со Москва, рече Столтенберг.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе