Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг одржа прес-конференција на вториот ден од Самитит на НАТО во Лондон.
На прашање на новинарката Сања Васиќ „Како ја гледате безбедносната состојба во Европа и ЕУ, имајќи предвид дека Северна Македонија е доволно добра за НАТО, но не е доволно добра за ЕУ?“, Столтенберг одговори:
„Северна Македонија и премиерот Зоран Заев беа топло пречекани на денешниот состанок и сите со нетрпение очекуваме Северна Македонија да стане 30-тата членка на НАТО. Ова покажува дека вратата на НАТО е отворена и силно сме убедени дека членството на Северна Македонија ќе биде добро како за земјата, така и за регионот, ќе покаже дека НАТО продолжува со политиката на отворени врати. Не е мое да коментирам за проширувањето на ЕУ.“