Брисел, 6 мај 2019 (МИА) – Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, му ја честиташе победата на новиот претседател на Северна Македонија, Стево Пендаровски.
Шефот на Северноатлантската алијанса преку Twitter му честиташе за победата.
-Честитки до Стево Пендаровски за победата на претседателските избори, со нетрпение чекам да работам со вас за прием на Северна Македонија како триесетта членка на НАТО, напиша Столтенберг.