Столтенберг: Со нетрпение ја очекуваме Северна Македонија во НАТО

Скопје, 21 октомври 2019 (МИА) – Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на Twitter објави дека телефонски разговарал со премиерот Зоран Заев, со цел да ја реафирмира посветеноста на Алијансата на членството на Северна Македонија.

– Добар телефонски разговор со премиерот Зоран Заев за реафирмирање на посветеноста на НАТО на членството на Северна Македонија. Процесот на ратификација е во тек и со нетрпение очекуваме Северна Македонија наскоро да се приклучи на нашата Алијанса, објави Столтенберг.

Владината прес-служба соопшти дека премиерот Заев и генералниот секретар на НАТО Столтенберг во телефонскиот разговор размениле мислења за одлуката на Европската Унија да го одложи стартот за преговори на нашата земја за членство во Унијата.

Премиерот Заев, како што е наведено во соопштението, му го пренел на генералниот секретар Столтенберг расположението на граѓаните на земјата од историската грешка на ЕУ да не ги одобри очекуваните преговори за пристапување во полноправно членство како разочарувачко и фрустрирачко, наспроти фактот дека Република Северна Македонија ги исполни сите услови.

– Тоа не треба и нема да влијае и на остварувањето на втората од двете најголеми стратешки цели на државата – членството во ЕУ, и од спроведувањето на реформите до крај за да ги имплементираме европските вредности во сите наши институции, во сите пори на нашето живеење, истакнал претседателот на Владата на Северна Македонија Заев во разговорот со Столтенберг.

Во телефонскиот разговор со Столтенберг, премиерот Заев се заблагодарил за поддршката на НАТО во нашите евроатлантски интеграции и истакнал дека Северна Македонија останува посветена на заокружувањето на процесот за полноправно членство во алијансата, како нејзин стратегиски и суверен избор да биде следната, 30-та земја членка.

Премиерот Заев го информирал генералниот секретар на НАТО за резултатите од вчерашната лидерска средба кај претседателот Пендаровски и за заеднички договорената согласност за организирање предвремени избори на 12 април идната година. 

 
реклама

Македонија

Јакимовски: Најголема шета ѝ се прави на Македонија ако не се излегува да се гласа

Read more

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9% повеќе во споредба со претходните претседателски избори

Read more

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Read more

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Read more
 

Вести

Јакимовски: Најголема шета ѝ се прави на Македонија ако не се излегува да се гласа

Читај повеќе

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9% повеќе во споредба со претходните претседателски избори

Читај повеќе

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Читај повеќе

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе

Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња, димна бомба на гласачко место во Скопје

Читај повеќе