Порно актерката Сторми Даниелс откри неколку детали од нејзината афера со актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, во нејзината нова книга „Full Disclosure“.
Актерката и режисерка на филмови за возрасни чие вистинско име е Стефани Клифорд, во книгата пишува дека верувала дека Доналд Трамп никогаш нема да биде избран за претседател, затоа што тој воопшто и не сакал да ја врши таа функција.
Во книгата „Full Disclosure“ актерката пишува искрено и отворено за нејзиниот живот, а најконтроверзните страници се оние во кои се раскажува за Доналд Трамп и нејзината авантура со актуелниот американски претседател во 2006 година. Таа во книгата го опишува и моментот кога Трамп ѝ понудил да биде учесник во неговото реално шоу „The Apprentice“, за што ја уверил дека ќе го намести исходот на шоуто во нејзина корист.
„Сексот со него беше неимпресивен, можеби најлошиот што сум го имала во животот. Изгледа дека тој не го мисли истото“, пишува Даниелс.
Книгата ја објаснува и популарноста која ја доби Сторми Даниелс откако откри дека имала афера со Доналд Трамп, појаснувајќи дека пред да го каже тоа јавно до неа доаѓале луѓе кои ѝ се заканувале нејзе, но и на нејзината ќерка.
„Тој (Трамп) знае дека има невообичаен пенис. Неговиот пенис има огромна глава што изгледа на печурка, како оној лик од играта ‘Mario Kart’“, пишува во книгата на Даниелс.
Сторми Даниелс во книгата „Full Disclosure“ го објаснува односот со Доналд Трамп, но и многу повеќе. Една од највпечатливите приказни е онаа од нејзиното детство во која таа вели дека била жртва на насилство на нејзина деветгодишна возраст.