Страшен напад од голема бела ајкула снимен на видео
Студентот Тајлер нуркал на бреговите на Санта Барбара, кога одеднаш бил удрен од нешто позади него. Најпрво помислил дека неговиот пријател се шегува со него, но брзо сфатил дека се работи за нешто друго. Ајкулата го нападнала еднаш па кружела околу него, за потоа да се врати за втор напад. Целиот настан беше снимен со неговата GoPro камера, што беше закачена на неговиот харпун, кој на крајот, добро му послужи.