Страв од санкции - Мадуро повлекува 14 тони злато од Англија

Двајца високи функционери во Венецуела ќе отпатуваат во Лондон на разговори со претставници на Централната банка на Англија за враќање на злато во вредност од 550 милиони долари, објави „Бизнис инсајд“.

Владата на претседателот Николас Мадуро сака во земјата да врати 14 тони злато, бидејќи стравува од меѓународни санкции. Засега нема официјална потврда од Централната банка на Англија и Министерството за финансии.

Сепак, британскиот парламентарец Ендрју Ливир ја повика управата на Централната банка на Англија да не одржува таква средба со венецуелски претставници.

„Целосно е несоодветно високи функционери од Централната банка на Англија да се среќаваат со лица кои поради корупција се наоѓаат на американската листа на кои им се воведени санкции. Средба со такви лица би го загрозил угледот на британската банка и Влада, во целина“, пишува пратеникот во писмото уипатено до Банката.

Венецуела со децении дел од своите резерви на злато ги чува во трезорите на други банки. Покојниот претседател Хуго Чавез во 2011 година во Централната банка врати 160 тони злато од банки во САД и Европа, со цел да овозможи подобра контрола.

Критичарите на Мадуро сметаат дека златото не треба да се враќа во државата, бидејќи би можело да се користи за финансирање корупција.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Читај повеќе

Јакимовски: Најголема шета ѝ се прави на Македонија ако не се излегува да се гласа

Читај повеќе

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9% повеќе во споредба со претходните претседателски избори

Читај повеќе

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Читај повеќе

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе