Страв во Америка: Закана од ураган, вонредна состојба во Северна Каролина

Сезоната на урагани во Атлантскиот океан вчера го достигна својот врв. Моментално се активни три урагани, од кои најопасен е ураганот „Флоренс“.

Ураганот „Флоренс“ станува уште посилен, како по обем, така и по јачина, додека се приближува кон источниот брег на САД, а според најавите на Националниот центар за урагани, ураганот во текот на денот според својата јачина ќе влезе во петтата категорија.

Инаку, ураганите кои се во категоријата пет, имаат потенцијал да предизвикаат катастрофални последици. Од Националниот центар за урагани, предупредуваат дека „многу експерти се убедени дека „Флоренс“ ќе биде голем и исклучително опасен ураган“.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп, одобри прогласување на вонредна состојба за Северна Каролина.

Од претходно гувернерот на Северна Каролина, Рој Купер, изјави дека ураганот многу лесно ќе помине преку територијата на оваа држава, па ги повика жителите да се подготват за големи бранови, силни ветрови и поплави.

Службите за вонредни состојби во Северна Каролина, ја разгледуваат и можноста за евакуација на жителите кои живеат во поплавените области околу неколку реки, кои се прелеаја во текот на претходните бури.

Гувернерите на Јужна Каролина и Вирџинија, исто така, наредија задолжителна евакуација на населението поради опасниот ураган „Флоренс“.

Гувернерот на Јужна Каролина, Хенри Мекмастер, нареди почеток на евакуацијата за денеска на пладне по локално време. Мекмастер проценува дека околу милион луѓе ќе мораат да ги напуштат своите домови.

Гувернерот на Вирџинија, Ралф Нортам, нареди почеток на евакуацијата за денеска, односно за делови од оваа американска држава кои се сметаат за покритични, каде живеат 245.000 жители.

Тој го повика населението да се подготви за ураганот, кој ќе го зафати целото подрачје на Вирџинија.

Максималната брзина на ветерот моментално изнесува 220 километри на час.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Свет

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Read more
 

Вести

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе