Стравот од рецесија ја турна цената на нафтата под 80 долари

Цените на нафтата денеска паднаа на меѓународните пазари под нивото од 87 долари, како одраз на стравувањата на инвеститорите дека зголемените каматни стапки во Европа и САД ќе предизвикаат рецесија и ќе ја ограничат побарувачката за нафта. 

На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше за 3,74 долари пониска од моментот на вчерашното затворање и изнесуваше 86,72 долари. 

Цената на американскиот индекс на нафта WTI забележа пад од над 4,47 отсто на берзите и со тоа нафтата се тргуваше по цена од 79,76 долари за барел. Карактеристично е што WTI последен пат се тргуваше под 80 долари за барел на почетокот на јануари годинава.

Трговците се фокусираа оваа недела на состаноците на централните банки во САД и Европа, кои веќе сигнализираа дека ќе ги зголемат каматните стапки за да го запрат силниот раст на потрошувачките цени. Американската ФЕД и швајцарската централна банка неделава ги зголемија каматните стапки за три четвртини од процентниот поен, а норвешката банка Норгес и Британската банка на Англија за половина процентен поен.

Европската централна банка (ЕЦБ) ги зголеми на почетокот на септември, за три четвртини процентен поен, објавувајќи дека не го завршила циклусот на затегнување на монетарната политика оваа година. Трговците стравуваат дека повисоките трошоци за задолжување ќе го задушат економскиот раст и ќе предизвикаат рецесија, поттикната од денешното истражување на S&P Global, кое покажа пад на деловната активност во септември трет месец по ред, според индексот на менаџери за набавка (PMI ).

„Многу е веројатна рецесија во еврозоната“, заклучи економистот на S&P Global, Крис Вилијамсон. Во такви услови, светските берзи паднаа на најниско ниво во последните две години, а потоа и нафтените пазари.

Индексот на доларот го достигна највисокото ниво во последните две децении, што исто така ги притисна цените на нафтата.

„Стравот од рецесија, честите зголемувања на каматните стапки и како резултат на јачината на доларот ги надминаа геополитичките тензии“, рече Тамас Варга од PVM Oil Associates. Москва денеска организираше референдум за приклучување кон Русија на отцепените делови на Украина контролирани од руските сили. Властите во Киев тоа го нарекоа незаконска измама.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) денеска одделно објави дека цената на барел од нафтената кошничка на нејзините членки во четвртокот паднала за 80 центи на 95,51 долар.
 

реклама

Анален секс за почетници: 13 прашања кои секогаш сте сакале да ги поставите

Read more

Бритни Спирс повторно се разголи на Instagram, обожавателите се загрижени

Read more

Колапс на доларот: Многумина го предвидуваат, но никако да се случи

Read more

Картаполов без кочници: Кажете што се случува на фронтот, Русите не се глупави

Read more

Бизнис

Колапс на доларот: Многумина го предвидуваат, но никако да се случи

Read more

ОПЕК+ значително го намалува производството на нафта

Read more

Благ пад на Волстрит 

Read more

Германија: Американците ни продаваат гас по астрономски цени

Read more
 

Вести

ЕСМ обезбеди гас за месецов: Грејната сезона во Скопје почнува на 15 октомври

Читај повеќе

Ограничени маржите и за млечните производи, сега треба да поевтинат

Читај повеќе

Лукашенко со декрет го забрани зголемувањето цени во Белорусија

Читај повеќе

Норвешка очекува рекорден прилив од продажба на нафта и гас во 2023

Читај повеќе

Повредени три деца во школски двор во Скопје

Читај повеќе

Со шведската истрага се зголемија сомнежите за саботажа на Северен поток

Читај повеќе

Зеленски: Путин знае дека нема да остане жив по нуклеарен напад

Читај повеќе

Набавени 60 илјади вакцини против сезонски грип

Читај повеќе

Нови 55 случаи со COVID-19 и 55 оздравени пациенти

Читај повеќе