
За време на синоќешната церемонија на која членовите на кралското семејство и оддаваа почит на почината кралица Елизабета II, еден од кралските стражари се онесвести.
БиБиСи во живо ја пренесуваше погребната поворка во Вестминстер Хол, а на екранот се појави ковчегот кој го чуваа кралските стражари.
Првиот стражар падна и силно удри со глава на подот, а на помош му притрчаа луѓе од страна, додека останатите стражари останаа да стојат мирно.