1.МФЛ 2022/2023

Струга неочекувано го отпушти Захариевски

Филип Здравески
/ 28.02.2023 / 09:45

Апсолутно неочеклувани вести доцна синоќа стигнаа од бреговите на Охридското Езеро каде лидерот во 1.МФЛ објави дека се разделува со тренерот кој го издигна клубот во височините.

Срѓан Захариевски од утрово е без ангажман. Раководството на лидерот во македонската прва лига доцна синоќа му соопштило дека донело одлука да ја прекине соработката со него.

Ова е дефинитивно изненадувачки развој на настаните во клубот кој е лидер во 1.МФЛ и кој со Шкупи се бори за титулата. Токму за таа борба најзаслужен беше Захариевски кој со својата педантна работа полека го изгради тимот, а лани му донесе и прв излез во фудбалска Европа.

„Благодариме Срѓан Захариевски! Завршува соработката со тренерот кој не издигна на високи нивоа. Ја известуваме јавноста, навивачите и љубителите на фудбалот, дека ја прекинуваме соработката со Срѓан Захариевски. Одлуката на клубското раководство беше коректно соопштена на шефот на стручниот штаб и прифатена како таква. Со тренерот од Крива Паланка, ФК Струга Трим Лум помина скоро 3 спортски сезони. Најголемиот успех го постигнавме во 2021 каде успеавме да играме во Европа (конференциска лига)“, соопшти клубот на социјалните мрежи.

Захариевски е поранешен репрезентативец на Македонија со 22 натпревара во дресот со националните бои. Играше во средниот ред почнувајќи во Осогово од родната Крива Паланка, а преку Силекс стигна до Штутгарт и португалски Кампумајуренсе. По одлични три сезони во Вардар замина за Грција каде играше за Докса, Родос и Анагениси. На крајот од кариерата настрапуваше за Тетекс и Металург, каде почна како тренер прво во младинскиот погон. Сениорскиот тим на Металург го водеше 2 и пол сезони, неколку месеци беше во Пелистер, а на чело на Струга застана кон крајот на март 2020 година.

Струга во 1.МФЛ ја водеше на трочно 87 натпревари, а постигна 38 победи, 30 нерешени и 19 порази, со 102 постигнати и 74 примени голови. Струга во лигата е во серија од три ремија по ред. На последното реми, она саботното дома со Македонија ЃП, струшкиот напаѓач Бесарт Ибраими промаши два пенала.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе