Струјата ќе поскапи 0,92%: За сметка од 2.300 денари ќе се плаќа 21 денар повеќе

Од 1 јануари струјата за домаќинствата и за малите потрошувачи ќе поскапи за 0,92%, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Претседателот на РКЕ, Марко Бисломоски, вели дека регулаторите прв пат го искористиле контролниот механизам во определување на цената на електричната енергија со цел да не се предизвика голем ценовен шок оти ЕВН побара зголемување на цената за 4,4%, соопшти Бислимоски.

„Како што ветивме, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата се зголемува за 0,92%. Првиот блок за 0,68%, вториот блок за 0,9%, третиот блок 1,93% , четвртиот блок 2,24% и евтината тарифа за 0,9%. Тоа значи дека едно просечно домаќинство во државата кое што има сметка од, да речеме, 2.300 денари, со зголемувањето на цената на електричната енергија трошокот за електрична енергија ќе му се зголеми за 21 денар“, рече претседателот на РКЕ, Бислимоски.

За првиот блок цената на енергијата е 4,44 денари, мрежарината за сите е 2,14, односно вкупната цена на струјата во првиот блок е 6,5865 денари за киловат час. Претходно изнесувала 6,53 денари.

Цената на струјата во вториот блок, збирно енергија и мрежарина, е 7,71 денар, а претходно изнесувала 7, 64 денари.

Цената на електричната енергија во третиот блок е 9,57 денари, а претходно изнесувала 9,39 денари.

Цената на електричната енергија во четвртиот блок е 20,4 денари, а претходно изнесувала 20 денари.

Цената на струјата во евтината тарифа изнесува 4,12 денари. Претходно изнесувала 4,08 денари.

реклама

Македонија

Гаши формираше Совет на поранешни претседатели на Собранието

Read more

Левица: Коцкарниците на народот му ја земаат платата, брзите кредити иднината – 1,6 милијарди евра завршиле во коцкарската индустрија

Read more

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени како инспиративна работата на Владата во реформите и патот за ЕУ

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Вести

Двајца загинаа откако брод потона во Црното Море, Зеленски тврди дека бил погоден од руски дронови

Читај повеќе

Учениците во ЕУ сè послаби во математика, читање и природни науки

Читај повеќе

Нема веќе вештачка интелигенција: Трамп го забрани терминот AI и формираше Сили за суперинтелигенција

Читај повеќе
  • filter

Поранешниот симбол на Триглав е пред исчезнување: Последниот глечер во Словенија речиси исчезна

Читај повеќе

Гаши формираше Совет на поранешни претседатели на Собранието

Читај повеќе

Нови пронајдоци на локалитетот Расница: Откриено богато војничко погребување од VI век

Читај повеќе

Оперативна акција Чистач: 5.628 уапсени и 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговијата со дрога и прекуграничниот криминал

Читај повеќе

Левица: Коцкарниците на народот му ја земаат платата, брзите кредити иднината – 1,6 милијарди евра завршиле во коцкарската индустрија

Читај повеќе

BALFIN Group – над 52 милиони евра платени даноци во првите 6 месеци од 2026 година

Читај повеќе