Хроника

Стружанец фатен со 50 килограми марихуана се обидел да избега од полицијата

19. јули 2019 - 15:09 | МИА

Охрид, 19 јули 2019 (МИА) – Во координирана акција на Oддeлението за организиран криминал при МВР и СВР – Охрид, синоќа во 23:20 часот на регионалниот пат Охрид – Св.Наум, во близина на населбата Рача сопрен е патнички автомобил, управуван од С.Л. (53) од Струга.

При проверка на возилото во багажниот простор пронајдени биле три патни торби со околу 50 килограми марихуана.

С.Л. се обидел со автомобилот да избега, но бил приведен од полициските службеници.

Во врска со случајот приведен е и С.И. (31) од Струга, кој управувал друг патнички автомобил.

По целосно документирање на случајот, СВ Охрид, против нив ќе поднесе соодветна кривична пријава.

Коментирај