Студена вода - кој треба а кој не треба да ја пие?

Ладната вода секогаш има подобар вкус, бидејќи ниските температури можат да го прикријат лошиот вкус. И покрај добрите својства на водата, која се смета за еден од најздравите пијалаци, консумирањето ладна вода може да има стресно влијание врз организмот, да предизвика респираторни тешкотии, згрутчување и да го отежне исфрлањето на слузта.

Употребата на ладна вода може да предизвика главоболки, настинки, проблеми со стомакот и со голтањето храна.

Желудочни контракции и ладна вода

Студијата од 2001 година на Одделот за невронаука на Универзитетската болница во Упсала во Шведска, покажа дека 7,6% од жените имале симптоми на главоболка откако консумирале 150 ml студена вода. Некои студии наведуваат дека водата чија температура е 2 Целзиусови степени после 10 минути ги намалува желудочните контракции.

Ахалазијата е состојба која се карактеризира со потешкотии во пренесувањето на храната од хранопроводникот до желудникот. Се верува дека консумирањето ладна вода може да ги влоши симптомите на ахалазија, како што се отежнато голтање и болка во градите.

Потрошувачката на ладна вода во состојба на топлотна исцрпеност може да ги активира вагусните нерви (во хранопроводот и желудникот кои ја контролираат неволната активност) и да предизвика губење на свеста.

Слабеење на имунолошкиот систем

Пиењето ладна вода може да го ослаби имунолошкиот систем и да ја намали способноста на телото да се бори против бактериите и вирусите. Конзумирањето ладна вода влијае на забите, крвниот притисок, грлото, респираторниот систем, нервите, желудникот, дигестивниот и имунолошкиот систем.

Чувствителноста на забите на ладна вода често е последица на оштетување на глеѓта или непцата, поради агресивно миење на забите, таложење на наслаги, кариес кога е зголемена чувствителноста на забите на ладни или топли пијалаци.

Го намалува пулсот

Некои истражувања тврдат дека студената вода може да го намали пулсот. Консумирањето ладна вода по 22 минути доведува до зголемување на крвниот притисок. Ладната вода може да го отежне голтањето храна и да направи проблеми со варењето. Кај луѓето кои веќе имаат стомачни проблеми, може да дојде до активирање на проблемите по консумирањето ладна вода.

Ладна вода и висок крвен притисок

Нема доволно студии кои го проучувале ефектот на студената вода врз високиот крвен притисок, но некои истражувања посочуваат дека студената вода ги стеснува крвните садови, го спречува протокот на крв до екстремитетите и доведува до зголемување на крвниот притисок. Постојат наоди кои тврдат дека конзумирањето на 300 ml вода, на температура од 4 степени Целзиусови, за 22 минути кај здрави луѓе предизвикува зголемување на дијастолниот (понизок) крвен притисок за 3 mmHg.

Дијастолниот крвен притисок е поврзан со зголемен ризик од срцеви заболувања. На луѓето кои даруваат крв им се советува да пијат вода по интервенцијата со цел да се подигне крвниот притисок и да се спречи можна несвестица. Постојат и студии кои укажуваат дека студената вода или водата на собна температура може да го подигне и регулира нискиот крвен притисок.

Кој не треба да пие ладна вода?

Ладна вода се препорачува за спортисти, деца со прекумерна тежина, лица со мултиплекс склероза и пациенти со хипотензија (низок крвен притисок). Физичката или спортската активност ја зголемува телесната температура и предизвикува замор. Конзумирањето ладна вода, пак, ја намалува телесната температура.

Се верува дека децата со прекумерна тежина, кога пијат ладна вода, трошат дополнителна енергија. Постарите луѓе и бебињата не треба да пијат ладна вода, бидејќи се верува дека нивниот имунолошки систем може побурно да реагира на студената вода.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе