Студено и ветровито, до крајот на денот снежна покривка ќе се формира насекаде

Скопје, 13 февруари 2021 (МИА) – Облачно, студено и ветровито време ќе преовладува денеска во државата. Пообилни врнежи од снег се очекуваат во попладневните и во ноќните часови кон недела особено во југозападните делови.

До крајот на денот насекаде ќе се формира снежна покривка, а понекаде во југозападните делови висината на снежната покривка ќе надмине 20 сантиметри. На планините снежната покривка ќе се зголеми.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец кој најизразен ќе биде во горниот тек на Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -4, а максималната ќе достигне од -5 до 1 степени.

Во Скопје слично време со минимална температура до -6 и максимална до -1 степен.

Синоптичарите најавуваат период на многу студено време со умерен до засилен северен ветер. Во деновите од викендот и во ноќта кон недела, ќе биде облачно со врнежи од снег пообилни во југозападните делови. Утринските температурите ќе бидат особено ниски од почетокот на наредната седмица и понекаде ќе се спуштаат и под -15 степени. Дневните температури само понекаде ќе се искачуваат до некој степен над нулата.

Најстудено во Маврово и Крушево

Најстудено изутрина е во Маврово, каде се измерени -13 степени, по што следат Крушево со – 11, Берово -10, Во Крива Паланка -9, во Прилеп – 7. Минус шест степени под нулата се регистрирани во  Битола, Дебар, Штип и Тетово, -5 Скопје-Зајчев Рид и во Охрид, -4 во Струмица и Демир Капија, -3 во Дојран.  Најмногу снег има на Попова Шапка, со 40 сантиметри снежна покривка., покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Македонија

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Read more

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Read more
 

Вести

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Читај повеќе

Пендаровски: Анализите ќе покажат дали граѓаните ме казнија мене поради СДСМ

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Европскиот фронт станува една голема локомотива за европската иднина на нашата држава

Читај повеќе

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Читај повеќе