Студенти направија автобус на погон на мравја киселина

Група студенти открија начин како да се складира енергија што е поевтина за произведување, попрактична и поодржлива од алтернативните обновливи горива. Го создадоа првиот автобус на светот што ќе работи на погон на мравја киселина.

„Тоа е поевтино решение, а исто така е еколошки пополезно. Ја градиме својата иднина“, рече Лукас ван Капелен од Team Fast, компанија од Холандија.

На проектот работат околу 40 луѓе. Целта е да направат метод на транспорт без испуштање штетни гасови, што ќе помогне во борбата против климатските промени.

Мравјата киселина може да се пронајде во природата бидејќи се испушта при убод на мравка и други инсекти, а оваа едноставна јаглеродна киселина веќе се користи во производството на текстил и кожа, како конзерванс за добиточна храна и во некои средства за остранување бигор.

Team Fast откри дека киселината содржи состојки што им се потребни на водородните честички во горивото што се користат за напојување на електричните возила. Во течна состојба е многу полесно за транспортирање и за разлика од другите горива е поеколошко.

„Нашиот резервоар е со капацитет од 300 литри и автобусот може да помине 200 километри со него. Подготвени сме да направиме и поголем резервоар“, рече тој.

Процесот за промена на конвенционални бензински пумпи со новите, што ќе опфати замена на цевките и резервоарите, чини околу 35.000 евра, што е 100 пати поевтино во споредба со други инвестиции за алтернативна енергија за напојување.

Неколку компании веќе го поддржаа проектот.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе