Студенти по медицина протестираа против Законот за медицински студии

„Не сме експериментални глувчиња“, „Увоз на реформи = извоз на доктори“, „Учиме за да бидеме доктори, а не пациенти“, „Едукација не егзекуција“,  „Спасете ни го образованието“, „Се запишав на медицина за да спасувам животи, после законот сакам само да го спасам својот“, се дел од пораките испишани на транспарентите што во петок на пладне ги носеа студентите по медицина, кои пред Министерството за здравство, протестираа против измените на Законот за медицински студии.

Студентите бараа средба со министерот Никола Тодоров, револтирани од измените на Законот за медицински студии и континуирано усовршување на докторите на медицина.

Сакаа да им се објасни зошто е потребно да полагаат државен испит на крајот од втората и четвртата година од студиите и кои предмети ќе бидат опфатени.

Студентите велат дека ваквите измени се вментати во Законот за медицински студии, без консултација со експертската јавност.

Студентите бараа измена или укинување на овој закон, особено член 5 и член 6, кои што сметаат дека се несоодветни, нејасни и невозможни за остварување. За законските измени велат не ги засегаат само нив, туку и наредните генерации.

Сметаат законот задира во автономијата на универзитетот поради строгите одредби за полагање на државниот испит за лиценца, како и поради измените за полагањето предмети и условот за запишување следна година. 

Студентите најавија дека нивните протести може да продолжат и во наредниот период.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Read more

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе