Студентски марш пред Влада, се бара зголемување на студентскиот оброк од 120 на 160 денари

Студентскиот отпор за правда на студентите денес, во 17:30 часот пред Влада, организира студентски марш, по повод 17 Ноември – Меѓународниот ден на студентите и воедно бара зголемување на субвенционираниот студентски оброк од 120 на 160 денари дневно.

Тие ги повикуваат членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет, на денешната седница да ги прифатат амандманите кои се однесуваат за зголемување на износот на оброкот и продолжување на рокот, а не како што се предлага тој да биде до март, 2023 година.

– Повторно ги повикуваме пратениците независно од која политичка партија се да ги прифатат амандманите на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, кои се однесуваат на зголемување на износот на субвенционираниот студентски оброк на 160 денари и продолжување на рокот за субвенциониран студентски оброк, а не како што се предлага истиот да биде до март-2023 година. Доста е од тоа 30 години политичките елити да мислат само на себе и да се хранат со октоподи, бифтеци и друго, а да нема пари за македонскиот студент, велат од Студентскиот отпор за правда на студентите.

Потенцираат дека не смее да се дозволи да се штеди на младите луѓе.

– Потребно е и итно решавање на другите наши проблеми како што е: износот на стипендиите, мерките за штедење на електрична енергија и условите во студентските домови. Доста е од приказни за работни групи, планови, одбори и слично, кога студентите гладуваат и смрзнуваат, велат студентите.

Тие нагласуваат дека студентскиот стандард мора да се подобри. 

реклама

Кога е препорачливо да избегнувате употреба на омекнувач за алишта?

Read more

Од италијанска гледна точка: Чудни работи во македонските маркети

Read more

Сообраќајни знаци што често ги збунуваат возачите: Кој има предност?

Read more

Веројатно погрешно ги чувате краставиците: Едноставен трик може да ги одржи свежи до две недели

Read more

Македонија

Променливо време со пороен дожд и температури до 34 степени Целзиусови

Read more

Воведен AI ChatBot за поддршка при користење на електронскиот дневник, соопшти МОН

Read more

Мицкоски за европските аспирации: Целта е да станеме држава која испорачува најмногу реформи, но да го сочуваме и националното достоинство

Read more

Во сабота посебен режим на сообраќај во Скопје

Read more

Вести

Нова ескалација во Заливот: Иран напаѓа американски цели во регионот, САД ги напаѓаат своите радари

Читај повеќе
  • filter

Отворен 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: Сè додека има сцена, публика, приказни, театарот ќе опстане

Читај повеќе
  • play_arrow

Масовен напад со дронови врз родниот град на Путин

Читај повеќе

Променливо време со пороен дожд и температури до 34 степени Целзиусови

Читај повеќе

Воведен AI ChatBot за поддршка при користење на електронскиот дневник, соопшти МОН

Читај повеќе

191 кривично дело за семејно насилство во месец мај: МВР алармира на зголемен број на случаи

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски за европските аспирации: Целта е да станеме држава која испорачува најмногу реформи, но да го сочуваме и националното достоинство

Читај повеќе

Тешко повредено 13-годишно дете, со електричен тротинет удрило во автомобил

Читај повеќе

Во сабота посебен режим на сообраќај во Скопје

Читај повеќе