Студија: Малите деца имаат поблаги симптоми од омикрон отколку од делта

Кај многу мали деца, варијантата омикрон предизвикува помалку тешка болест во споредба со варијантата делта, покажа нова американска студија.

Научниците ги прегледаа податоците за речиси 80.000 американски деца под петгодишна возраст кои првпат биле заразени со коронавирус, вклучително и 7.201 дете заразено кон крајот на декември или почетокот на јануари, кога омикрон предизвика повеќе од 90 проценти од случаите.

По разгледувањето на другите фактори на ризик, вклучително здравствените состојби и социоекономските фактори, истражувачите открија дека децата инфицирани за време на бранот на омикрон имаат 29 отсто помал ризик од посета на итна помош, 67 отсто помал ризик од хоспитализација, 68 отсто помал ризик да имаат потреба од интензивна нега и 71 отсто помал ризик од потреба од машини за дишење во споредба со децата заразени со делта.

Сепак, поради зголемената преносливост на омикрон, вкупниот број на посети на одделите за итни случаи, хоспитализации, интензивна нега и употреба на механички респиратори кај деца сè уште може да биде поголем со омикрон отколку со делта, според извештајот објавен на medRxiv.

Извештајот треба да помине на научна рецензија.

Научниците, исто така, забележале дека стапките на инфекција биле несразмерно повисоки кај Афроамериканците и децата од Латинска Америка и за омикрон и за делта за оваа возрасна група, а јазот се зголемил за инфекции со омикрон, рече водачот на студијата Ронг Ксу од Медицинскиот факултет на Универзитетот Кејс Вестерн Резерв.

„Податоци покажуваат дека децата под петгодишна возраст имале највисока стапка на инфекција со омикрон во споредба со поголемите деца и возрасните во сите возрасни групи“, рече тој.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе