Студија открива кое кафе треба да го избегнуваат жените, а кое мажите

Истражување спроведено во Норвешка сугерира дека хемиските соединенија од зрната кафе можат многу да се променат за време на подготовката и директно да влијаат на срцевите заболувања во зависност од нашиот пол.

Тим на истражувачи од Арктичкиот универзитет во Норвешка тврди дека мажите би требало да избегнуваат еспресо, додека жените треба да се воздржуваат од поголеми количини филтер кафе. Исто така, воспоставена е директна врска помеѓу кафето и нивото на холестерол во крвта, во зависност од тоа како се подготвува овој сакан пијалак.

Науката сè уште малку знае за ефектите од пиењето еспресо, каде што мала количина врела вода поминува под притисок низ ситно мелени зрна кафе. Сепак, она што беше потврдено во текот на оваа студија сугерира дека неговото влијание во голема мера зависи од полот на личноста која го пие.

Според авторката на студијата, професорката Маја Лиса Лохен, кафето содржи илјадници различни фитохемикалии. Но, во зависност од начинот на кој кафето се пече, приготвува и служи, зависи што ќе внесеме во нашиот организам и во која количина.

Неколку методи на правење кафе директно влијаат на високиот холестерол

Анализирајќи ја анкетата спроведена на повеќе од 21.000 жители на градот Тромсе, тимот дојде до интересни заклучоци. Учесниците одговарале на прашања поврзани со количеството на кафе испиено во текот на денот, како и тоа тип најмногу го преферираат.

Вториот дел од истражувањето вклучувало земање примероци од крв, кои директно дале одговори на поврзаноста помеѓу здравјето, полот и начинот на подготовка на кафето.

Во оваа прилика биле земени предвид и веќе познатите здравствени состојби на испитаниците. Кога собрале и одзеле сè, заклучиле дека жените пијат во просек по 4 шолји кафе, додека мажите 5.

Овие податоци им помогнале да заклучат дека пиењето 3 до 5 шолји еспресо „значително“ го зголемува нивото на холестерол кај мажите. Од друга страна, консумацијата на француско кафе доведува до зголемување на холестеролот без разлика на полот. Филтер кафето имало најголемо влијание врз зголемувањето на мастите во крвта кај жените.

Интересно е што инстант кафињата довеле до зголемување на холестеролот и кај двата пола, но не со иста брзина.

Дали количината на кафе што ја пиеме влијае на здравјето?

Истражувачите забележуваат дека Норвежаните го пијат своето кафе од поголеми шолји во споредба со Италијанците, па можно е количината да биде директен фактор што може да предизвика здравствени проблеми.

Кафето е најчесто консумираниот стимуланс. Затоа, научниците додаваат дека е многу веројатно поради големата потрошувачка, дури и малите ефекти на крајот да доведат до значителни здравствени последици.

Наодите се објавени во списанието Open Heart.

Тагови
реклама

Хајди Клум ги прекрши сите правила на Канскиот филмски фестивал

Read more

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Зверев: Готово е, Ѓоковиќ е мојот тренер

Read more

Од полноќ нова цена на дизелот

Read more

Здравје

Нов тип дијабетес: Од него боледуваат најмалку 20 милиони луѓе

Read more

Едноставен едноминутен тест може да предвиди влошување на здравјето на мозокот

Read more

Како чаша топла вода на празен стомак влијае на телото?

Read more

Откриен е нов несакан ефект од антибеби пилулите

Read more
 

Магазин

Бесплатни апликациии за следење на партнерот

Читај повеќе

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Читај повеќе
  • play_arrow

За што може да ви забранат да се качите во авион?

Читај повеќе

Како може да ја намалите анксиозноста кај вашето куче?

Читај повеќе

Нов тип дијабетес: Од него боледуваат најмалку 20 милиони луѓе

Читај повеќе

Виенски шницли со сос од печурки

Читај повеќе
  • play_arrow

Најчести грешки при пролетното чистење на домот

Читај повеќе

Кои се најчестите измами што ги прават туристичките агенции?

Читај повеќе
  • filter

Енди Мекдауел одржа лекција по стил на Кански филмски фестивал

Читај повеќе