ЛА ЛИГА 2020/21

Суарес: Во Барса ми рекоа дека сум стар и не можам да играм во голем тим

Уругвајскиот голгетер откако беше набркан од Барселона ужива во слатката одмазда. Тој растура во Атлетико со кој и ита кон титулата во Ла Лига.

Летоска во каталонскиот гигант одекна неверојатната вест дека клубот сака да се ослободи од Луис Суарес, докажаниот голгетер, иако играчот не сакаше да си замине.

„Она што навистина ме навреди беше кога ми кажаа дека сум бил стар и дека не сум можел повеќе да играм на високо ниво, да бидам во голем тим. Тоа ја прели чашата“, открива Уригваецот во разговор со France Football.

„Да немав постигнати ништо во клуб како Барса за едно 3 или 4 сезони, ќе разберев. Но, секоја сезона во Барса постигнував повеќе од 20 голови. Секогаш имав добра статистика, веднаш зад Меси“, додава тој.

Статистиката за која зборува Суарес е точна. Тој секоја сезона постигнуваше најмалку 20 голови, а врвот му беше во сезоната 2015/16 кога постигна дури 59 голови во сите натпреварувања. Тогаш постигна повеќе и од Лео Меси и ја освои Златната копачка за најдобар стрелец во Европа.

„Денес гледаме дека не е лесно да се игра во Барса... Многу играчи кои потпишаа таму не го покажаа квалитетот кој се очекуваше од нив. Јас играв за Барса 6 години цело време задржувајќи слично ниво и покажувајќи го она кое се очекуваше од мене“.

„Ситуацијата се промени тами, на клубот му се потребни промени. Го прифатив тоа. Единственото нешто кое ми пречеше е начинот на кој се случи тоа. Верувам дека заслужив поголема почит“.

„Тоа беше одлука која не можев да ја спречам. Се осеќав како да не сум повеќе потребен, па мојата гордост ми кажа дека треба да продолжам да покажувам дека вредам. Токму затоа идејата да отидам во Атлетико, еден кометитивен тим, ми дојде на ум“, завршува Суарес.

Уругваецот сезонава на 20 натпревари постигна 16 голови за Атлетико во Ла Лига, тим кој е лидер на табелата со 3 бода пред градскиот ривал Реал Мадрид од кого има и натпревар помалку.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе