Судбината на предметите „ТНТ“, „Титаник“, „Монструм“ и „Талир“ во рацете на Судскиот совет

Скопје, 8 јануари 2020 (МИА) – Судбината на предметите „ТНТ“, „Титаник“, „Монструм“ и „Талир“ е во рацете на Судскиот совет кој треба да одлучува дали поротничката Лилјана Ивановска Кочовска може да остане дел од судечкиот совет или нејзиниот мандат е завршен и ќе треба да почнат од почеток.

На седницата на Судскиот совет, која се одржа на 25 декември 2019 година, на дневен ред беше и разгледувањето на мандатот на поротничката, но седницата се одолжи поради тоа што немаше кворум.

Адвокатите на одбраната, на неколку рочишта за случајот „ТНТ“ укажуваа на судечкиот совет дека мандатот на поротничката Кочовска е завршен на 24 декeмври 2019 и дека според Законот за кривична постапка, доколку дојде до било каква промена на составот на судечкиот совет, судската постапка мора да започне од почеток.

Сепак, постапката продолжи и беа одржани неколку рочишта и по 24 декември, а судечкиот совет, укажуваше на фактот дека не е во нивна надлежност да одлучуваат за престанок на мандат на судија поротник и дека тоа е прашање на Судскиот совет.

Судијата Осман Шабани, на судењето за „ТНТ“ информираше дека претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев испратил до Судскиот совет, допис во кој се бара мислење за ситуацијата со поротничката, нагласувајќи дека не побарал да биде одлучувано за престанок на нејзиниот мандат.

Адвокатите на обвинетите во „ТНТ“, откако на неколку рочишта укажаа дека Судечкиот состав не може да продолжи со работа во истиот состав, изминатиот викенд излегоа со неколку отворени писма, најпрво до претседателот на Судскиот совет Киро Здравев, а потоа и до самата поротничка.

Првиот предмет кој треба да се одржи по празниците, а во чиј судечки совет е поротничката Кочовска, е „ТНТ“, закажан за 13 јануари.

Судијката поротник Лилјана Ивановска Кочовска е дел од судечкиот совет во предметите „ТНТ“, „Титаник“, „Талир“ и „Монструм“.

Адвокатот Мерџан Даути, на судењето за „ТНТ“ на 24 декември минатата година посочи дека има доставено поднесок и за судијата поротник Марија Кондовска, за тоа што навршува 60 години и и престанува функцијата по сила на закон.

Основниот кривичен суд, истиот ден, ја објави интегрално и иницијатива поднесена од судијата Владимир Туфегџиќ, за измени и дополнување на Законот за кривична постапка, со цел да се спречи непотребното одолговлекување на судските рочишта при промена на член на судечкиот совет, при што некои се враќаат и на почеток.

Адвокатот Дончо Наков, еден од бранителите во „ТНТ“, бараше објаснување од сите судии зошто одеднаш таа постапка се става во десетта брзина.

– Имам поднесок и барам да се каже зошто се одложени сите други судења и одеднаш само едно судење е битно, рече Наков.

На 31 декември 2019 година, Основниот кривичен суд во Скопје, информираше дека заради ефикасност на постапката на предметот „ТНТ“ кој е во завршна фаза, надлежниот судечки совет насрочил нови термини за продолжување на расправата и тоа за 13, 14, 15 и 16 – ти јануари 2020 година, како и на 17, 20, 21, 22, 23, 24 и 27 јануари 2020 година.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Македонија

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9% повеќе во споредба со претходните претседателски избори

Read more

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Read more

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Read more

Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња, димна бомба на гласачко место во Скопје

Read more
 

Вести

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9% повеќе во споредба со претходните претседателски избори

Читај повеќе

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Читај повеќе

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе

Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња, димна бомба на гласачко место во Скопје

Читај повеќе

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Читај повеќе