Судија извади пиштол среде натпревар
Главниот судија на средбата меѓу Ориенте и Индустриал го сврти вниманието на свестките медиуми откако извади пиштол на натпреварот што го судеше.
Судијата во 75. минута од натпреварот во аматерски фудбал покажал на белата точка за пенал, но играчите против чиј тим бил досуден пеналот почнале да протестираат против одлуката, а еден играч дури и го удрил.
Наводно, притоа му рекол „Уапси ме ако можеш!“, што очигледно било капката што ја прелеа чашата, па судијата решил да се одбрани на екстремен начин.
Тој истрчал до клупата за резервни играчи и од торбата извлекол пиштол и се упатил кон насобраните играчи на Индустријал кои се разбегале, иако неколку минути претходно остро протестирале. Стравувајќи за својот живот скокале преку ограда, а за среќа нема повредени во инцидентот.
Судијата, наводно, работи како полицаец, а судењето натпревари го работи рекреативно. Сега се соочува со можно губење на лиценцата и мора да оди на психолошко советување.