Македонија

Судијката Добрила Кацарска ќе го суди Груевски за „Тенк“ – кривичен го објави распоредот на судии за предметите на СЈО

12. јануари 2018 - 15:37 | Макфакс

Основниот суд на веб-страницата објави кои судии ќе ги судат предметите на специјалното јавно обвинителство и предметите кои се од интерес на јавноста, откако новиот претседател Иван Џолев  на крајот на годината го донесе новиот распоред на судии. „Тарифа“ ќе го суди судијката Софче Гаврилова – Ефремова,, „Трезор“ – судијката Џанета Бегтовиќ, а предметот „Тенк“ ќе го суди судијката Добрила Кацарска, која тврдеше дека во кривичниот суд се делат предмети на рака, а поднесе кандидатура за претседателка на Апелациониот суд во Скопје.

„Монструм“ „Титаник 2“  и „ТНТ“ ќе ги суди судијата Огнен Ставрев, кој своеврмеено се побуни против експретседателот на судот, Владимир Панчевски.„Топлик“ и „Тендери“ ќе ги суди судијата Осман Шабани, „Траекторија“ останува да го суди судијата Горан Бошевски (по стариот распоред). „Триста“ и „Транспортер“ќе ги суди судијката Добрила Кацарска. „Таргет/Тврдина“ ќе го суди судијкта Џанета Бегтовиќ. „Сопот“ и „Шпион“ ќе го суди судијата Владимир Туфегџиќ. „Монструм“ – судијата Огнен Ставрев, „Тортура“ – судијката Александра Ристеска, а „Титаник 3“ – судијката Оља Ристова. „Насилство Општина Центар“ каде првообвинет е Никола Груевски ќе го суди судијата Душан Јосифов, а „Труст“ останува да го суди судијката Лидија Зимбовска.

Коментирај