Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Макфакс/Кајгана
/ 18.05.2024 / 10:30

Судир меѓу возови се случил синоќа во тунел во Белград. Како што пренесуваат српските медиуми се судриле патнички и товарен воз.

Веднаш по добиената дојава дека во тунел дошло до судир меѓу патнички и товарен воз, на местото на настанот пристигнале бројни полициски сили и 25 пожарникари-спасувачи со 7 возила, со оглед дека екипите на итната медицинска помош нене можеле да се приближат до местото на судирот, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

Пожарникарите-спасувачи успеале, како што додаде, да стигнат до местото и евакуирале 9 повредени лица и ги предале на екипите на итната помош за понатамошно лекување.

Несреќата се случила во тунелот помеѓу Вуков споменик и Панчевачки мост.

Дачиќ изјави дека причина за судирот на возовите во тунелот, во кој нема жртви, е човечки фактор, а министерот за транспорт Горан Весиќ изјави дека се повредени 13 патници, од кои 4 се однесена во ургентен центар.

„Возот помина низ безбедносното светло и удри во товарен воз кој чекаше дозвола да оди до станицата Овча“, изјави Весиќ.

Дачиќ за новинарите изјави дека често има жртви во несреќи како оваа и дека е вистинска среќа што во денешниот судир нема жртви и што сите патници излегле од возот.

„Најважно е да нема жртви“, изјави Дачиќ за новинарите.

Началникот на Секторот за вонредни состојби на МВР, Лука Чаушиќ, кој излезе на местото на настанот заедно со министрите Дачиќ, Весиќ и директорката на претпријатието „Инфраструктура железнице Србија“, Јелена Танасковиќ, изјави дека во 18 часот и 42 минути добиена е дојава за судирот, по што на терен излегле вкупно 25 пожарникари.

„Пристигнувајќи на местото на настанот во 18 часот и 48 минути, констатирано е дека возот за итни случаи се судрил со патнички воз во тунелот на длабочина од 400 метри од влезот“, изјави Чаушиќ.

Тој додаде дека четири лица биле извлечени низ тунелот за евакуација. Дачиќ рече дека најважна улога имаат пожарникарите, бидејќи лекарите од итната помош не можеле да дојдат до патниците.

Министерот за транспорт Горан Весиќ изјави дека деталите за несреќата ќе се знаат кога Комисијата „Железничка инфраструктура на Србија“ ќе објави официјален извештај, кој се очекува во текот на денешниот ден.

реклама

Се појави нов сој на коронавирусот

Read more

Илон Маск: Во иднината нема да има телефони

Read more
Брзи и лесни летни рецепти

Готвење за двајца: Брзи и лесни летни рецепти

Read more

Ново правило за користење на плажите во Грција менува сè, казни до 60.000 евра

Read more

Регион

Бомбашки напад во Црна Гора, убиени двајца припадници на мафијашки клан

Read more

Три земјотреси за неколку минути го погодија Крит

Read more

Повторно ќе биде сослушан осомничениот за убиството на двегодишната Данка

Read more

Земјотрес со јачина од 4,3 степени во Бугарија

Read more
 

Вести

Трамп предлага зелен картон за странците кои ќе завршат факултет во САД

Читај повеќе

Тинејџерка од БиХ киднапирана и силувана во Германија

Читај повеќе

Реакции на новиот договор меѓу Путин и Ким: НАТО е загрижена, САД молчат

Читај повеќе

ЕУ го договори 14-тиот пакет санкции против Русија

Читај повеќе

Во која ЕУ земја се највисоки трошоците на домаќинствата?

Читај повеќе

Левица: Дали велешкото езеро е пред еколошка катастрофа?

Читај повеќе

Бомбашки напад во Црна Гора, убиени двајца припадници на мафијашки клан

Читај повеќе

Сè повеќе повици за присуство на змии во Македонија, ЦУК со апел за внимателно движење во природа

Читај повеќе

Доларот слабее трет ден по ред

Читај повеќе